Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалБаерн и Јуве се договорија – Видал се сели во Германија

Баерн и Јуве се договорија – Видал се сели во Германија

Неколку часа го делат Чилеанецот од официјална потврда за неговиот трансфер во Баерн Минхен. Имено, Баварците се договориле со клубот од Торино за трансферот на Видал за 35 милиони евра плус бонуси.

Видал би требало да претставува добра замена за Швајнштајгер, кој пред неколку дена потпиша за Манчестер Јунајтед.

„Старата дама“ тргнува во преговори со Баерн за германскиот репрезентативец Марио Геце но, секако, истиот трансфер не зависи од трансферот на Видал. Чилеанецот во дресот на Баерн Минхен, според договорот, ќе помине четири сезони.