Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаAвстриска инвестиција во Виница, отворена нова фабрика

Aвстриска инвестиција во Виница, отворена нова фабрика

Компанијата „Тексспорт“ со инвестиција вредна 1,5 милиони отвори нова конфекциска фабрика во индустриската зона во Виница, со што е отворено уште едно работно место за нови 180 до 200 лица.

Градоначалникот на општина Виница, Емил Дончев изрази задоволство и благодарност до сопственикот на компанијата, Отмар Шнајдер, и ги потенцираше придобивките за граѓаните од општината и регионот и придонесот за стопанскиот развој во целина.


„Новата инвестиција ќе биде од големо значење за општината, посебно за намалување на бројот на невработените иако Виница е со најмал број на невработени лица во регионот“, изјави Дончев.