Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСело гори – баба се чешла: Груевски шета во Австрија, Иванов „гледа ракомет“

Село гори – баба се чешла: Груевски шета во Австрија, Иванов „гледа ракомет“

Во оваа загрижувачка состојба, кога лица со фантомки упаѓаат во Собрание и тепаат пратеници, уништуваат собраниски инвентар и ескалација на насилството, лидерот на ВМРО ДПМНЕ и што е уште пострашно, претседателот на државата Ѓорѓе Иванов никаде ги нема.

Груевски си шета во Австрија, а настаниве ги проследи со една скржава реченица во која повикува на смиреност. Иванов пак, никаде го нема. Во ваква состоба, претседателот на државата не чувствува должност ниту да се обрати до своите граѓани. Иванов не ги ни активираше воените сили да помогнат во справување со состојбата.

Аналитичарите велат дека за оваа состојба многу луѓе ќе одговараат, вклучувајќи ги наредбодавателите во МВР. Дел од аналитичарите оценија дека ова е смислено сценарио на досегашната партија на власт.