Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветАтрактивна Волк ќе ја враќа довербата во руската полиција

Атрактивна Волк ќе ја враќа довербата во руската полиција

Руското министерство за внатрешни работи за нов портпарол ја назначи потполковничката Ирина Волк која ќе има задача да го промени имиџот на руската полиција во која јавноста речиси и да нема доверба, а треба и да ја подобри комуникацијата со медиумите и граѓанскиот сектор.

Полицијата, правосудните органи и војската на Русија многу често ангажираат атрактивни и убави жени кои се постулат на пропагандата за транспарентност, но и моќ и самодоверба, па назначувањето на Волк многумина го сметаат како евтин ПР трик за одвлекување на вниманието.