Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАПМ: Да не се прекинува конститутивната седница се додека не се избере претседател на Собранието

АПМ: Да не се прекинува конститутивната седница се додека не се избере претседател на Собранието

Алијансата за позитивна Македонија (АПМ) денеска побара новото парламентарно мнозинство веднаш да донесе одлука конститутивната седница да се прекинува и да нема паузи се додека не се избере Претседател на Собранието.

„Секој пратеник има право на збор, реплика и контра-реплика, и да зема плата за својата работа, но во исто време секој пратеник има и обврска и одговорност да го почитува Уставот, да ги воспостават институциите на државата и да ја почитуваат волјата на граѓаните сега искажана преку новото парламентарно мнозинство“, стои во соопштението од АПМ.

Од партијата порачуваат дека пратениците немаат право на паузи, не би требало „мирно на спијат“ и не би требало да земаат плата се додека не изберат претседател на Собранието.