Wednesday, May 8, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАпелација ја потврди пресудата за „Монструм“ – доживотен затвор

Апелација ја потврди пресудата за „Монструм“ – доживотен затвор

Осудените во случајот „Монструм“ остануваат во затвор доживотно. Апелацискиот суд Скопје ја потврди пресудата на Основниот суд Скопје 1 од 30 јуни 2014-та.

Судот по одржаната јавна седница и сеопфатната анализа на доказите и оценка на жалбените наводи, жалбите на 5–те обвинети огласени за виновни за кривично дело „тероризам“ од кривичниот законик, како соизвршители и едниот обвинет огласен виновен за кривично дело „тероризам“ како помагач и осудени на казна доживотен затвор изречена од страна на првостепениот суд, се одбиваат како неосновани, се вели во соопштението од скопска Апелација.