Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈКошаркаАнтиќ најави освојување титули со Фенербахче

Антиќ најави освојување титули со Фенербахче

Перо Антиќ беше и официјално претставен како најново засилување на турскиот прволигаш Фенербахче, откако помина две сезони во Атланта во моќната НБА лига. Враќањето на Антиќ во Европа значи и најава за освојување на нова титула во Евролигата, а сигурно ќе биде да се проследат евентуалните дуели со неговиот поранешен клуб Олимпијакос со кој беше европски шампион две години по ред.

antic2„Фенербахче има високи цели и тоа е предизвик за мене, Жељко Обрадовиќ ми ги претстави плановите и јас не можев да го одбијам. Дојдов во Истанбул за да бидам поблиску до семејството, но и да освојувам трофеи“, истакна Антиќ пред медиумите.

Перо Антиќ ги помина медицинските прегледи и потпиша двегодишен договор со Фенербахче под водство на тренерот Обрадовиќ, со можност за продолжување на уште една.