Friday, Mar 29, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈКошарка(Видео) Перо го потстрижи Датоме!

(Видео) Перо го потстрижи Датоме!

Фенербахче убедливо го победи Олимпијакос со 80:64 за да ја освои првата европска титула и да постане првиот Турски тим на кој му успеало тоа. Нашиот македонски репрезентативец Перо Антич по трет пат стана шампион на Европа, претходните два ги освои со екипата на Олимпијакос.

Италијанскиот репрезентативец Луиџи Датоме изјави дека ако неговата екипа стане шампион на Европа тој ќе ја скрати својата коса. Веднаш по церемонијата нашиот Перо ги зеде ножичките и ја скрати косата на италијанецот што предизвика бура на теренот и скандирање од страна на навивачите, кои го подржаа овој потег.