Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАнѓушев-Ромео: Владата e посветена на сите процеси во врска со итните реформски приоритети

Анѓушев-Ромео: Владата e посветена на сите процеси во врска со итните реформски приоритети

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев со италијанскиот амбасадор Карло Ромео за побрза интеграција на земјите од овој регион во Европската Унија. Средбата доаѓа во пресрет на Самитот за Западен Балкан во Трст,што ќе се одржи на 12 јули, а се одвива во рамките на Берлинскиот процес.

Ромео, чија земја е домаќин на овогодинешниот Самит за Западен Балкан, ги презентирал приоритетите на италијанското претседавање со Самитот, како и деталната агенда за време на Самитот. Тој го поздравил формирањето на Владата и изрази надеж дека процесите за интеграција на Република Македонија, како и на целиот регион во Европската Унија, ќе се одвиваат со побрза динамика, како и дека Република Италија како актуелен претседавач со процесот ќе помогне за интензивирање на активностите.

Анѓушев истакнал дека Владата e посветена на сите процеси во врска со итните реформски приоритети, како и со обврските кои произлегуваат од таканаречениот Берлински процес.

– Владата ќе работи на реформи во енергетскиот сектор, ќе работиме на создавање на поволна бизнис клима, за домашни и странски инвеститори, а конкурентноста на компаниите ќе ја подигнеме со инвестиции во инфраструктурата, како на патната, така и на железничката инфраструктура – рече Анѓушев за време на средбата.