Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалАнглија е светски шампион!

Англија е светски шампион!

Младата репрезентација на Англија е новиот светски шампион по победата во финалето над Венецуела со резултат 1-0 (1-0).

Единствениот гол на овој натпревар го постигна Калверт-Левин во 35 минута, но херој беше веднаш до него и голманот Вудман кој спаси пенал 15 минути пред крајот на натпреварот.

Англискиот тим до 20 години дојде до победата во 35 минута кога Левин во вториот обид го матираше голманот на Венецуела, Фаринас.

Венецуела имаше голема шанса да изедначат во 77-та минута, кога Пенаранда шутираше пенал, но Вудман го прочита неговиот удар и ја сочува предноста на Англија и донесе голем триумф на младиот тим на “Гордиот Албион“.