Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалАнџелоти го затвори трансфер пазарот, ова се двата тима со кои располага Баерн!

Анџелоти го затвори трансфер пазарот, ова се двата тима со кои располага Баерн!

Дали е вистина или се уште незнаеме, но Карло Анџелоти нагласи дека а Баерн Минхен овој трансфер период е завршен. Овие денови се појавија шпекулации дека Лерој Сане е блиску до „Алијанц арена“, но Карло Анџелоти ги негираше овие шпекулации со напомена дека нема намера да пазари нови фудбалери.

За потсетување, во тимот пристигнаа „само“ Ренато Санчез и Матс Хумелс за вкупно 73 милиони евра. „Нашиот тим веќе сега е одлично покриен и силен на сите позиции. Не ни е потребно ниту едно засилување, завршивме со трансфер пазарот за оваа сезона“, нагласи Анџелоти.

Клубот го напуштија Мехди Бенатиа (Јувентус) и Себастијан Роде (Борусија Дортмунд). Конкуренцијата ќе биде огромна на сите позиции, а тоа го покажува и фактот дека Баерн би можел да направи два подеднакво моќни состави. Иако не е исклучено Марио Геце да ја напупшти екипата кој нема да има важна улога и возможно е негово враќање во Борусија.

bajern2495073020160719154637

1