Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалТимот на сезоната во Германија!

Тимот на сезоната во Германија!

Регуларниот дел од првенството во Германската „Бундеслига“ заврши минатата недела. Како што се очекуваше Баерн Минхен ја освои нова титула, РБ Лајпциг (новиот прволигаш) заврши на второто место, додека Борусија Дортмунд обезбеди место во Лигата на шампионите, додека за истото место екипата на Хофенхајм ќе бара преку квалификациите. Од лигата испаднаа Дармштат и Инголштад, додека Волфсбург игра плејоф за опстанок против екипата на Брауншвајн. Волзбург со многу мака победи на првиот натпревар на домашен терен со 1-0, во понеделник се игра реваншот.

По одиграни 34 круга беа избрани и идеалните 11 играчи за сезоната 2016/2017. Во овој се наоѓаат четири играчи на “Баварците“ (Нојер, Хумелс, Тиаго и Левандовски), два од Лајпциг (Форсберг и Кеита), три од “милионерите” ((Пишчек, Дембеле и Обамејанг), еден играч од Шалке (Колашинац), како и дефанзивецот на Хофенхајм (Суле).

18739184_301444010301861_8413926681012069064_o