Saturday, Apr 20, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалБаерн Минхен во Гинисовата книга на рекорди

Баерн Минхен во Гинисовата книга на рекорди

Баварците денес добија едно големо признавање. Никој нема толку долго победничка низа на домашен терен во Лигата на шампионите освен најголемиот германски тим!

До поразот од Реал Мадрид на “Алијанц Арена” во четврт-финалето на овогодинешното најелитно натпреварување на “Стариот континент”, Баерн Минхен имаше серија од 16 победи.

Оваа серија траеше од 17 септември 2014 година до 12 април 2017 година.

Интересно е тоа што претходно Баварците беа поразени на свој терен во Лигата на шампионите на 29 април 2014 година, исто така, од Реал Мадрид, кој тогаш ги предводеше сегашниот тренер на Баерн, Карло Анчелоти.