Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАмериканската мисија при ОБСЕ побара наредувачите и извршителите на нападот да одговараат

Американската мисија при ОБСЕ побара наредувачите и извршителите на нападот да одговараат

Американската мисија при ОБСЕ побара од властите во Македонија да преземат чекори да ја обезбедат сигурноста на сите пратеници, темелно да го истражат нападот во Собранието на 27 април и да одговараат оние што го извршија, организираа или го наредија насилниот акт. Вршителот на должност амбасадор во ОБСЕ на САД Кејт Брнс кажа дека нема место за насилство во демократскиот процес и изрази сочувство до пратениците и другите повредени во нападот и нивните фамилии.

„САД ги повикува властите во Македонија да преземат чекори да ја обезбедат сигурноста на сите пратеници, темелно да го истражат нападот во Собранието на 27 април и да одговараат оние што го извршија, организираа или го наредија насилниот акт. Ги поздравуваме напорите на Австриското претседателство за справување со ситуацијата во Македонија, вклучувајќи ја и посетата на Скопје на Специјалниот претставник амбасадорот Штрохал во име на Претседавачот, и помошта од други делови на ОБСЕ“, се вели во соопштението на Американската мисија при ОБСЕ со изјавата на Брнс.

Таа додаде дека САД, како стратешки партнер на Македонија и со целосна почит за нејзината сувереност и унитарност, ги повикува сите партии да ги стават интересите на Македонија и нејзините граѓани, над сè друго, да работата заедно конструктивно и целосно да ги имплементираат сите нивни обрвски преземени со Договорот од Пржино.

„Решението за политичката криза може да дојде само со почитување на македонските закони и на волјата на народот, слободно изразена низ демократските процеси, вклучително и на основа на резултатите од изборите во декември минатата година, коишто беа прифатени од сите партии“, вели Брнс во соопштението.