Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАмериканската амбасада ги охрабри граѓаните в недела да излезат и да гласаат

Американската амбасада ги охрабри граѓаните в недела да излезат и да гласаат

Претстојните локални избори на 15 октомври се важни за иднината на Македонија како просперитетна, стабилна демократија, целосно интегрирана во евроатлантските институции, соопшти денеска Амбасадата на САД во Македонија и ги повикаа граѓаните да излезат и да гласаат.

– Ги охрабруваме сите граѓани да го искористат своето право на глас, да ги изразат своите погледи за прашањата од нивната општина и да ја реафирмираат својата посветеност кон демократските вредности и владеењето на правото. Ги охрабруваме сите граѓани, граѓанските организации и медиумите да ги пријавуваат своите забелешки за изборните неправилности на надлежните власти. На крајот, партиите, владините институции, новинарите и граѓаните ќе ја одредат веродостојноста на процесот преку своите чекори – стои во изјавата.

Од Амбасадата истакнуваат дека изборите се круцијален дел од секоја демократија и дека ги поддржуваат напорите за охрабрување на граѓаните да гласаат.

„Американската амбасада активно учествува во надзорот, заедно со меѓународните и со локалните набљудувачи“, велат од амбасадата.