Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветАлбанците меѓу најголемите шверцери на мигранти, но и азиланти

Албанците меѓу најголемите шверцери на мигранти, но и азиланти

Европската агенција за управување со границите ФРОНТЕКС во извештајот за изминатата година и можните ризици за 2016-та пренесува дека Албанците се меѓу најголемите шверцери на мигранти, особено на Балканската рута, а нивниот број е за шест пати зголемен во однос на 2014-та со оглед на огромната бегалска криза и влегувањето над 1.8 милиони луѓе од кризните региони на Блискиот Исток и Африка.

Албанците се исто така и меѓу најзастапените баратели на азил кои потекнуваат од Европа и речиси 95 проценти од нивните апликации биле одбиени иако на пример легално пристигнале во Германија, а нивното враќање во земјата на потекло дополнително го оптоварува европскиот систем.

Албанците се и меѓу најбројните кои злоупотребуваат документи на ЕУ, како на пример лични карти од Грција и Италија, покрај Украинците од Полска. Од Албанија принудно биле вратени 10 илјади граѓани за 2015-та, додека пак од Македонија доброволно се вратиле 9600 граѓани.

Автор: Христијан Станоевиќ

Извор: ФРОНТЕКС