Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАлбански бизнисмени и дијаспората ја финансира Беса, тврди Касами

Албански бизнисмени и дијаспората ја финансира Беса, тврди Касами

Билал Касами, претседателот на движењето Беса изјваи дека тие имаат голема поддршка од албанската дијаспора и од бизнисмени кои работат во Република Македонија.

На косовската телевизија Дукаѓини на дебантата емисија „Дебат Д Плус“ Касами изјави дека не се вистинити тврдењата дека тие се финансирани од други земји, како што е Катар.

„Сега имаме државна контрола, која контролира како се финансира оваа партија. Финансиските извештаи се јавни и постојат сите се идентификувани – како донатори и членство. Беса е најчистиот политички субјект. Ние не сме дел од моќта да ги уценуваме бизнисмените и младите, барајќи од нив пет илјади евра да ги вработуваат. ДУИ има 10 пати поскапа кампања од движењето Беса и други партии“, рече Касами.