Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаКасами: ДУИ победи со гласовите на СДСМ, стана нивен разгранок

Касами: ДУИ победи со гласовите на СДСМ, стана нивен разгранок

Лидерот на БЕСА, Билал Касами вечерва побара предвремени парламентарни избори истакнувајќи дека неговата партија има двојно повеќе гласови во споредба со ДУИ.

– Во Македонија згасна една партија на Албанците и сега ДУИ слободно може да се смета за разгранок на СДСМ. Оваа партија вечерва згасна и СДСМ стана суверен за повеќето Албанци. ДУИ веќе ја нема, но затоа има еден разгранок на СДСМ – рече Касами, истакнувајќи дека победата на ДУИ е поради коалицијата со СДСМ.

Касами го призна поразот во Тетово и Чаир, и им се заблагодари на симпатизерите на БЕСА и Алијансата за Албанците.

-ДУИ победи со гласовите на СДСМ, но ние победивме во сите општини со гласовите на Албанците – рече Касами.