Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСела убеден дека со Беса ќе ја однесат ДУИ во опозиција

Села убеден дека со Беса ќе ја однесат ДУИ во опозиција

Лидерот на Алијансата за Албанците нема да се повлече од претседателското место во партијата, иако загуби на изборите за градоначалник на Струга, јавува „Алмакос“.

Села е убеден дека ако СДСМ и ДУИ се тркаат заедно на евентуални предвремени парламентарни избори, сигурно ќе доживеат пораз, особено што Алијансата и Беса ќе настапат заедно и на претстојните парламентарни избори ќе ја однесат ДУИ во опозиција.

Според Села, коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ не доаѓа предвид.

– Не навредувајте ме, ова е јазикот што ДУИ и Зоран Заев неодамна го користеа – рече Села.

Од движењето Беса немаме добиено одговор за судбината на Билал Касами по поразот на изборите за градоначалник на Тетово, кој изгуби од од кандидатката на ДУИ, Теута Арифи. Тие не сакаа да коментираат ниту за причините за неуспехот на Касами во Тетово.

Во меѓувреме, местото на Билал Касами во Собранието денес официјално ќе го преземе Неџбедин Каремани.