Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаАкција за собирање залихи за погодените во силното невреме

Акција за собирање залихи за погодените во силното невреме

Се организира добротворна акција за собирање на неопходни средства за помош на настраданите во вчерашното силно невреме пред Веро Центар во Скопје.

akcija poplava

Граѓаните преку социјалните мрежи упатија повици секој кој може да донира флаширана вода, конзервирана храна и бебешки пелени кои ќе им бидат доставени на жителите на Стајковци каде е најкритично, како и за останатите населени места во општина Гази Баба.