Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСЈО бара притвор и за градоначалникот на Гази Баба

СЈО бара притвор и за градоначалникот на Гази Баба

Специјалното обвинителство денеска повторно побара мерка притвор за градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски во обвинението за уривањето на комплесот „Космос“ во случајот „ТНТ“, јавува „Нова ТВ“.

Во Апелација денеска се одржува јавна седница на која се разгледуваат жалбите на СЈО на одлуката на Кривичен на Трајковски да му биде одземен пасошот. Трајковски исто така се жали на оваа одлука. Рече дека нема и мотив ни потреба да бега, оти како семеен човек, ќе биде тука за постапката против него, најмногу за да ги изнесе своите аргументи пред судот.

-Обвинетиот не покажа никакво почитување кон Специјалното обвинителство. Да примите 3 покани и да не дојдете, не знам освен притвор, што друго да се примени кон вас. Вие утре нема да доаѓате ни на судење. Има опасност обвинетиот да избега. Тој е на крајот на градоначалничкиот мандат. Има на товар две сериозни кривични дела. Државата треба да биде претпазлива, рече обвинителот од СЈО Гаврил Бубевски и покажа 3 покани кои Трајковски ги примил, а не дошол на распит во СЈО.

Трајковски изјави дека ја доставил целата документација до Специјалното јавно обвинителство за предметот „Космос“

Во случајот „ТНТ“ обвинети се експремиерот Никола Груевски, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски, за кој СЈО бараше мерка притвор. Основниот суд Скопје 1 ја одби мерката.

Градоначалникот на Гази Баба се товари за 2 кривични дела со минимална казна до 5 години.