Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаАкција мрежа – уапсени петмина дилери на кокаин

Акција мрежа – уапсени петмина дилери на кокаин

Петмина скопски дилери на кокаин се уапсени во четвртокот во рамките на акцијата “Мрежа” а кај нив се најдени 40 илјади евра во кеш, оружје и муниција и дваесетина грама дрога која допрва требало да ја пуштат на скопските улици. Според МВР, кокаинот го набавувале од западноевропските земји, а во Скопје го препродавале на дилери и зависници а цената била 60 или 70 евра од грам во зависност од количината.
krim-paroИстрагата на полициските инспектори траела неколку месеци и во тој период биле собрани доволно докази дека тие препродаваат кокаин на скопските зависници. Во четвртокот бил издаден налог за нивно апсење и претрес на домовите. Тројца од групата биле фатени неподготвени и не успеале ниту да се обдат на побегнат или да уништат докази.
krim-paro5Меѓутоа апсењето на М.Р.(38) и А.М.(27) не се одвивало според очекуваното бидејќи тие успеале да влезат во автомобил и да почнат да бегаат. Од индустриската зона Визбегово преку обиколница Скопје тргнале кон Тетово а попат дриле во полициски автомобил кој бил поставен на за да им го блокира патот. Броктницата продолжила по автопатот се додека не биле испукани неколку куршуми во гумите на “голфот” на дилерите.
krim-paro6Од полицијата информираат дека при претресот на домовите на осомничените дилери се запленети 20 грама кокаин, дигитална вага, “голф 5″, пиштол со три рамки и 15 куршуми, повеќе SIM картички и мобилни телефони, како и 40.000 евра. Досега, во акцијата „Мрежа” се уапсени 185 лица и запленети се над 525 килограми дрога.
krim-paro7