Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаАкција ГЕОДЕТ – уапсени 19 лица од Катастар за тежок криминал

Акција ГЕОДЕТ – уапсени 19 лица од Катастар за тежок криминал

Голема акција „ГЕОДЕТ“. Финансиската полиција уапсила 19 лица, меѓу кои има двајца поранешни и девет вработени во Агенцијата за катастар на недвижности, сопственик на приватна геодетска фирма од Скопје и седум лица кои незаконски се стекнале со недвижен имот.

Тие се товарат за повеќе кривични дела и тоа „Злоупотреба на службената положба и овластување“, „Соизвршителство“, „Примање поткуп“, „Поднесување лажни докази“ и „Помагање“. Акцијата „Геодет“, Финансиската полиција ја отворила како резултат на пријава од Агенцијата за катастар на недвижности.

Осомничените за неколку месеци успеале десетици катастарски парцели во поширокиот реон на град Скопје кои биле во сопственост на Македонија да ги запишат на физички лица. Потоа десетици катастарски парцели во скопско кои биле во сопственост на физички лица без нивно знаење биле пренесени во сопственост на други физички лица за одреден паричен надоместок.