Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаУслугите на Централен регистар и Катастар бесплатни за новинарите

Услугите на Централен регистар и Катастар бесплатни за новинарите

Владата на денешната седница ја усвоија изјавата за изразување силна политичка волја и поддршка на нејзините институции за континуирана примена на етичкиот кодекс за медиумско известување, како и за силно охрабрување на примената и почитувањето на системот за медиумска саморегулација, соопшти владината прес-служба.

„Правото на медиумите и на новинарите слободно и непречено да известуваат и да истражуваат, владата денеска го поддржа со уште една мерка со која на медиумските работници им се овозможува право на бесплатно користење на услугите на Централниот регистар и на Агенцијата за катастар на недвижности. Со оваа своја мерка, Владата на Република Македонија им излезе во пресрет на барањата на новинарите и на новинарските здруженија и обезбеди слободен пристап до извори на информации од посебно значење за истражувачкото новинарство“, стои во соопштението.