Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаАХВ ја затвори кујната на Центарот за обука на полицајци во Идризово

АХВ ја затвори кујната на Центарот за обука на полицајци во Идризово

Агенцијата за храна и ветеринарство, заедно со Санитарната инспекција денеска направиле контрола во мензата и кујната од Центарот за обука на полицајци во Идризово, од каде што неколкумина кадети утрово биле затруени од храна. Агенцијата по посетата донела времена мерка да се затвори кујната до конечните резилтати, објави Макфакс.

„Со цел утврдување на фактичката состојба, за лабораториско испитување, земени се брисеви од работните површини и мостри од храната која се послужувала, а за која со контролата од страна на инспекциските служби е констатирано дека е со адекватен рок на употреба и соодветно чувана“, изјави Велика Атанасова за „Макфакс“

Од таму додаваат дека е изречена мерка за времено затворање на кујната и мензата и истите нема да работат сè до добивање на резултатите од лабораториското испитување со кои ќе се потврди безбедноста. Исто така, надлежните служби наложиле и генерално чистење, вршење на дезинфекција, како и упатување на вработените на вонреден санитарен преглед.

Тројца од 22-ца прегледани завршиле на Инфективното одделение при Универзитетската клиника „Мајка Тереза“ и истите се задржани на понатамошно лекување.