Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаАгенцијата за храна и ветеринарство го започна мониторингот за птичји грип

Агенцијата за храна и ветеринарство го започна мониторингот за птичји грип

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од вчера почна со мониторинг на птичји грип преку земање крв од домашна живина и диви птици што е пракса секоја година.

По последниот случај на појава на болеста во февруари 2017, во Македонија досега не е регистриран нов случај на авијарна инфлуенца.

Од втори ноември годинава АХВ воведе забрана за увоз на живина, производи од живина и нус-производи од животинско потекло од регионот на Добрич, Бугарија, каде беше констатирана појава на птичји грип. Забраната на осми ноември беше проширена и за регионите на Кливен и Хасково.

Како што велат од АХВ, контролите на граничните премини се засилени, но досега нема вратени пратки од регионите за кои важи забраната.