Sunday, Apr 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАхмети на собраниско кафе со Заев: Се крои планот за деблокада на Собранието

Ахмети на собраниско кафе со Заев: Се крои планот за деблокада на Собранието

Деблокадата на Собранието мора да биде во рамките на институциите, единствено институционално решени – ова спред партиски информации е заклучокот од состанокот меѓу Зоран Заев и Али Ахмети, пренесува Тв24.

Според истите извори било констатирано e дека насилно превземање на власта, не е опција, ниту за земјава, ниту пак за новото мнозинство. Истите извори порачуваат дека Ахмети ја ставил на маса опцијата за можна лидерска средба, но нема информации дали Ахмети успеал да го разубеди лидерот на СДСМ, кој повеќе пати кажа дека лидерска средба и седнување на маса апсолутно не се опција за него.

„Со криминалци не планираме да преговараме. Граѓаните ни го дале легимитетот како демократско мнозинство и токму овие 67 пратеници, ќе ја реализираат таа стратегија за избор на претседател на Собранието и новата влада“ – изјави Љупчо Николовски.

Од ДУИ пак велат дека за нив е прифатливо само решение кое нема да ја оспори подоцна ниту новата влада, ниту новиот спикер, велат дека инсистират на брзо решение и затоа повторуваат дека лидерска средба можеби e најреалната опција. Во Мала Речица сомневања колку опцијата што се предлага како можна – избор на претседател на на Собрание надвор од Собранието. Дел од функционерите на ДУИ порачаа дека блокадата на Собранието од ВМРО-ДПМНЕ е легитимна битка, пратеникот и шеф на кабинетот на Ахмети, Груби за Алсат М ја оправда стратегијата на пратениците на Груевски.

Од Беса и од Алијанса за Албанците велат дека нешто мора итно да се преземе, евентуална лидерска средба за нив е добар старт за решавање на сосотојбата, бидејќи велат ова а состојба во Собранието може и со години да се одовлекува.