Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАхмети може да биде сменет во ДУИ – Има ли обид за „пуч“ или дефокусирање

Ахмети може да биде сменет во ДУИ – Има ли обид за „пуч“ или дефокусирање

Ахмети не покажал доволно силно лидерство и не се исклучува можноста за негова промена како прв човек на ДУИ, пишува австриски „Дер Стандард“ повикувајќи се и на информациите од земјава, анализирајќи дека на последните избори ДУИ изгубила доста гласови кои се поделиле меѓу СДСМ и БЕСА.

За бугарската агенција БГНЕС, пак, клучно е што според нивните аналзии Али Ахмети не успеал да ја обезбеди и потребната поддршка на меѓународната заедница за надминување на кризата.

„Во исто време големо мајсторство во партијата демонстрирала неговата заменичка Теута Арифи. Токму таа била лидерка во соработката со меѓународната заедница и тоталната промена во позицијата на ДУИ од про-ВМРО во про-СДСМ“, наведува агенцијата.

За ДУИ ова е оркестриран напад за да се креира лош имиџ за партијата и да се ослаби ДУИ која е клулчна за идната влада. Од Мала Речица децидни – ДУИ никогаш не била поединствена и нема место за сомневања за вантрепартиски обид за пуч.

„Aпсолутно се дел од оркестирани напади со цел да се креира лош имиџ за ДУИ и претседателот Ахмети. Тој ја водеше оваа партија од 2002 година и досега нема изгубено ниту еден изборен циклус така што уште долго време ќе биде на лидерската позиција на оваа партија“, изјави Бујар Османи.

Ова не е прв пат да се најавува можна смена на Ахемти од лидерската функција, пред неколку години се најавуваше негово заминување, а за негов наследник се споемнуваше токму Арифи или, пак, Изет Меџити, тогаш и двајцата демантираа таква можност. Лидерот на ДУИ сам порача дека нема намера да си оди додека Македонија не стане членка на НАТО. По изборите во ДУИ е очигелдна поделеноста на крилата кои се залагаа за идна соработка со ВМРО ДПМНЕ, но и СДСМ.

Извор: 24vesti.mk