Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаИванов ги свика Заев, Груевски, Ахмети и Џафери на средба за помирување

Иванов ги свика Заев, Груевски, Ахмети и Џафери на средба за помирување

Доцна средба на државниот врв се одржала вчера во „Вилата Водно“. Од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов синоќа по полноќ соопштија дека на средбата, на која биле присутни претседателот на Собранието, Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, се разговарало за решенија за излез од моменталната тензична состојба во државава.

„Средбата се реализира како резултат на претходно започнатите разговори. На средбата беа разменети мислења за актуелните случувања во Република Македонија и се разговараше за решенија за излез од моменталната состојба на тензичност во државата, а која што предизвикува загриженост кај граѓаните“, соопштија од Кабинетот на Иванов.

Од таму наведуваат дека соговорниците се согласиле дека е неопходно сите чинители во општеството да се насочат кон градење консензус за национален дијалог, во функција на помирување и нормализирање на политичките процеси, како основа за продолжување на реформските приоритети на Република Македонија.

Од Кабинетот на Иванов најавија дека разговорите ќе продолжат и во иднина.