Tuesday, Apr 30, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМедиумиКоментар на Фејсбук го чинеше живот – почина новинар од Баку

Коментар на Фејсбук го чинеше живот – почина новинар од Баку

Азербејџанскиот новинар Расим Алијев го загуби својот живот откако група на хулигани била испровоцирана од негов коментар на Фејсбук, по што го пронашле и претепале новинарот.

Напаѓачот на азербејџански Кабала, Џавид Хусеинов, ја прослави победата над кипарски Аполон во третото квалификациско коло од ЛЕ со носење на турско знаме. Расим во врска со овој настан напишал на својот профил на Фејсбук дека однесувањето на фудбалерот е непримерно и дека треба да му се забрани настап во Европа, на што група на хулигани изреагирала бурно нанесувајќи му тешки повреди.

„Беа пет или шест лица. Сите ми се нафрлија и почнаа да ме удираат“, изјавил новинарот кој починал од внатрешно крварење по неколку дена откако бил однесен во болница. Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, изјави дека истрагата ќе ја преземе Министерството за внатрешни работи.