Извидници од Македонија со свое учество на Светската извидничка смотра во Јапонија
Дванаесет извидници од Сојузот на извидници на Македонија, во периодот од 28-ми јули до 8-ми август учествуваат на 23-тата Светска извидничка смотра во Киара-Хама, Јапонија.
На неа, во периодот на оддржување, преку 30 000 извидници имаа можност да живеат, учат и да се забавуваат заедно во еден заднички мега камп. На вчерашното одбележување на 70-годишнината од атомската бомба во Хирошимам извидниците од Македонскиот контингент им оддадоа почит на загинатите јапонски државјани.
Оваа манифестација се одржува еднаш во четири години на различни места во светот. Претходната извидничка смотра се одржа во Шведска, а следната ќе биде во Соединетите Американски Држави.