ОДВ Електрик ќе вработи 1000 лица со нова фабрика
Германската компанија ОДВ Електрик потпиша договор за изградба на фабрика со автомобилски компоненти во индустриската зона на Охридско-струшкиот регион со инвестиција во вредност од 15 милиони евра.
Досега ОДВ Електрик функционира со еден тест погон во ЕМО Охрид каде има вработени стотина лица, а откако ќе заврши изградбата на новата фабрика ќе се вработат 1000 лица за целосниот капацитет.