Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаМенаџментот на „Југохром“ бара реактивирање на фабриката

Менаџментот на „Југохром“ бара реактивирање на фабриката

Менаџментот и синдикатот на фабриката, додека трае изградбата на пречистителната станица, бараат компромис од надлежните да почнат со работа со 50 насто капацитет, со што ќе се овозможи враќање на 600 отпуштени работници.

Во металуршкиот комбинат „Југохром“ завршува бетонирањето на погонот за отпрашување вреден 12 милиони евра. Менаџментот и синдикатот на фабриката, додека трае изградбата на пречистителната станица, бараат компромис од надлежните да почнат со работа со 50 насто капацитет, со што ќе се овозможи враќање на 600 отпуштени работници.

Вработените не зеле плата од јануари годинава, додека печките се изгасени лани во ноември. Новата постројка за отпрашување ќе биде завршена до крајот на годинава.