Tuesday, Apr 30, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаБорисов му честиташе на Заев за победата на локалните

Борисов му честиташе на Заев за победата на локалните

Премиерот Зоран Заев денеска имал телефонски разговор со својот бугарски колега, Бојко Борисов, кој, како што соопштија од Владата, му го честитал на Заев успешното спроведување на локалните избори.

„Премиерот Борисов му го честиташе на премиерот Заев успешното спроведување на локалните избори во Република Македонија и истакна дека организацијата на изборите создаде услови во кои граѓаните можеа слободно, врз основа на сопствената политичка волја, да го реализираат правото на учество на изборите и да го дадат својот глас за политичката опција според нивниот избор“, стои во соопштението.

Бугарија, рекол Борисов, останува и понатаму доследна на поддршката за политиките на новата Влада на Македонија, посакал успех за земјава во иницијативите во регионот и изразил надеж и очекување дека наскоро Македонија ќе стане членка на НАТО и ќе ги почне преговорите за членство во Европската Унија.