Tuesday, Apr 30, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГруевски: Заев е донесен на власт да го реши спорот со името по терк на Грција

Груевски: Заев е донесен на власт да го реши спорот со името по терк на Грција

Зоран Заев е донесен на власт да го реши спорот со името онака како што сака Грција, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во интервјуто за телевизија „Сител“.

Тој рече дека се чека да завршат локалните избори за да започнат конкретни преговори.

– Главната цел зошто се донесени на власт како поразени на изборите во декември 2016 година е да се реши спорот со името и тоа да биде по терк на Грција. Тоа го знаат веќе сите, не само во Македонија, туку и во цела Европа. Се чека само да завршат локалните избори и да започната конкретни преговори – рече Груевски како одговор на премиерот Зоран Заев кој денеска на прес-конференција, меѓудругото зборуваше и за спорот со Грција.

За локалните избори, Груевски вели дека не очекува да бидат фер, дека се заплашуваат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и дека последните постапки покажале дека полицијатаа ќе биде ставена во партиска служба и за кампањата.

По завршувањето на локалните избори, Груевски најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе побара предвремени парламентарни избори за како што вели „да започне нова ера и да се стави крај на ова помрачување што и се случи на државата со доаѓањето на СДСМ на власт“.