Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСалиу: Пожарот кај Требовље веројатно е подметнат

Салиу: Пожарот кај Требовље веројатно е подметнат

Има индиции дека некој околу хидроцентралата Козјак вчера нешто потпалувал, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Шабан Салиу за неколкудневниот пожар кај село Требовље.

Салиу обвини дека поради несоработката со некои лица од локалната самоуправа, пожарот се раширил.

– Десет луѓе го напуштија местото, мислеа дека треба да седат до 12 часот и се повлекоа. Ги молев да се вратат, но за жал не прифатија, бидејќи биле од локалната самоуправа и го напуштија местото. Тогаш пожарот се префрли од левата страна и постоеше опасност да изгори и селото. Наредив да се направи бедем на тој дел од селото – изјави Салиу на прес-конференција.