Tuesday, Apr 30, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРТеатарПремиерно на „Скопско лето“ – „Столови“ од Ежен Јонеско

Премиерно на „Скопско лето“ – „Столови“ од Ежен Јонеско

Прекрасно дело на еден од корифеите на театарот на апсурдот ќе има свое дефиле во Македонскиот народен театар. Во рамките на „Скопско лето“, вечерва со почеток од 20 часот ќе се одигра претставата „Столови“ од Ежен Јонеско, чиј режисер е Дамјан Читкушев.

Претставата е во копродукција на МНТ и театарот „Фабрика“. Сценографијата и анимацијата се на Сергеј Светозарев, а костимите на Мелани Димитровска. Честа да ја одиграат оваа антологија се Дритон Вејсели и Благица Димитровска.

Според познавачите на ова дело, францускиот писател создал една совршено напишана, но и совршено бизарна книга во истовреме.