Tuesday, Apr 30, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСтокмена новата Влада – Средба на Заев со Ахмети и Села

Стокмена новата Влада – Средба на Заев со Ахмети и Села

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, е на работна средба со мандатарот Зоран Заев во седиштето на СДСМ, каде на мандатарот му ги образложува неговите предлозите за министри, но, неофицијално ќе се разговара и за евентуалните кандидати од СДСМ.

Се очекува на средбата да се придружи и Зијадин Села, лидерот на Алијансата на Албанците, која ќе биде дел од владината коалиција.

Вечерва заседава Централниот одбор на СДСМ, а најдоцна до утре, се очекуа партијата и официјално да ги соопшти имињата кои ќе бидат дел од новиот владин кабинет.