Tuesday, Apr 30, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаФото: Припадници на АРМ и професори на Воената академија – меѓу првите кои упаднаа во Собрание

Фото: Припадници на АРМ и професори на Воената академија – меѓу првите кои упаднаа во Собрание

Фотографиите и снимките од напаѓачите во Собранието се шират по интернет, а полицијата се уште трага по нив. До нашата редакција стигна информација дека двајца од оние кои меѓу првите го пробија полицискиот кордон, не само што се припадници на АРМ, туку и професори на Воената академија. На последните фотографии кои се појавија на социјалните мрежи може да се забележат потполковниците и професорите во Академијата, Ненад Талевски (во средина) и Андреј Илиевски (лево во сликата).

Претходно СДСМ, на прес конференција ги објави фотографиите и имињата на дел од напаѓачите до кои дошле преку снимките на медиумите и ветија дека сите кои вечерта дивееле ќе бидат казнети.

Во меѓувреме полицијата поднесе кривични пријави против 15 лица, уапси над 5, а по останатите се уште трага.