Заев е најверојатно повреден, тотален хаос во Собрание
Последните информации кои пристигнуваат од Собранието е дека Зоран Заев лидерот на СДСМ е најверојатно меѓу повредените, меѓутоа нема официјална потврда.
Овој инцидент доаѓа откако маскирани напаѓачи влегоа и во заштитната зона каде мал број на агенти на собраниското обезбедување во цивил се обидуваа да ги заштитат пратениците. Повреден е и пратеникот Максим Димитријевски. Еден агент испукал предупредувачки истрел од пиштол во воздух.