Јувентус го донесе првото засилување за 9,5 милиони евра!
Фудбалскиот клуб Јувентус веќе го донесе првото засилување за следната сезона. Тоа е 19-годишниот уругваец Родриго Бентанкур кој доаѓа од Бока Јуниорс за 9,5 милиони евра.
Јуве овој трансфер го има договорено многу одамна, а сега и официјално, Бентанкур потпиша пет-годишен договор со актуелниот шампион на Италија.
Иако е многу млад, Бентанкур за првиот тим на аргентинскиот клуб одигра 46 натпревари и постигна еден гол.