Голема операција за гасење на пожарот во Булачани
Од Дирекцијата за заштита и спасување информираа дека вработените од подрачните одделенија ги следат состојбите со настанатите пожари на целата територија на Републиката Македонија.
„Општината Гази Баба побара помош од Дирекцијата за заштита и спасување за справување со пожарот настанат во реонот на с. Булачани – скопско. Ангажирани се 39 лица со 3 специјални теренски возила опремени со пумпи, 2 минибуса за транспорт на припадниците и 2 теренски возила за лoгистика“, се вели во соопштението.
Од Дирекцијата велат доколку има потреба од ангажирање на дополнителни тимови за брз одговор за гаснење на пожари на отворен простор на територијата на Република Македонија, тие се подготвени соодветно да реагираат.