Воздушен напад во Дамаск, 16 жртви
Најмалку 16 лица го загубиле животот, а 50 биле повредени во воздушен напад во Хамуријех, во близина на престолнината Дамаск, соопшти сириската опсерваторија за човекови права.
За сега не е познато кој е одговорен за овој напад. Хамуријех е база на сириските опозициски сили во подрачјето на Источна Гоута, која се наоѓа недалеку од сириската престолнина.