Tuesday, Apr 30, 2024
HomeДЕНЕШНАСветУапсени три лица – се претпоставува дека се напаѓачите од Берлин

Уапсени три лица – се претпоставува дека се напаѓачите од Берлин

Три лица, за кои се претпоставува дека се поврзани со нападот врз божиќниот панаѓур во Берлин на крајот на минатата година, се уапсени на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул.

Министерството за внатрешни работи на Турција соопшти дека тројца уапсени биле во контакт со напаѓачот од Берлин.

Тројцата уапсени на аерордомот „Ататурк“ се идентификувани како Мохамед Али Кан, Јусеф Даруиче и Билал Јусеф Махмуд.

Одговорноста за нападот на 19 декември на божиќниот панаѓур во Берлин, во кој загинаа 12 лица, а десетици беа ранети, ја презеде групацијата Исламска држава.

Извршителот на нападот, Тунижанецот Анис Амри беше убиен во престрелка со италијанската полиција крај автобуска станица во предградие на Милано на 23 декември.