Македонци се вратија од Грција со оштетени возила
До службите на МВР пријавени се нови случаи на оштетување на автомобили на македонски државјани во Грција. Евидентирани се два случаи. Во првиот случај скопјанец пријавил искршено стакло на неговиот Мерцедес, оштетена лајсна и оштетен преден браник. Во вториот случај возач од Штип пријавил дека неговото возило е обиено со скршен прозорец и украден е паричник. Настаните се случиле во местото Пиреа, односно езеро Киркини и истите не се пријавени во грчката полиција.