Tuesday, Apr 30, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеКривични за граѓаните кои го бранат паркот во Тафталиџе

Кривични за граѓаните кои го бранат паркот во Тафталиџе

Директорот на АД за Стопанисување со станбен и деловен простор денеска рече дека градењето на зграда во паркот во Тафталиџе на улица Букурешка нема да биде откажно – пренесе Фокус. Информираше и дека поднеле кривична пријава против непознат сторител за спречувањето на почнување на градежните работи и очекуваат во рок од една недела Обвинителство да утврди одговорност за граѓаните кои го бранеа паркот.

Граѓаните сепак ќе продолжат да го бранат паркот. Во недела (21.08.2016) со почеток во 12 часот во паркчето на ул. Букурешка, ќе биде организирано целодневно дружење на граѓаните со цел да се даде до знаење дека ПАРКОТ НЕМА ДА ПАДНЕ! – се вели во денешната објава на граѓаните од Тафталиџе, кои се борат за едно од последните парчиња зеленило во нивната населба.

„Зачестеното присуство на багерите и градежните работници се јасен индикатор за намерата која ја имаат за овој простор, затоа наша должност е да ја сочуваме оваа прекрасна зелена површина“, се вели во повикот.