Атрактивната Жизел со самба ќе ја отвори Олимпијадата
Светскиот топ модел Жизел Буншен иако паузираше од повеќе модни ревии и шоуа за да се посвети на семејството, нема да го пропушти отворањето на Летните олимписки игри кои ќе се одржат токму во нејзиниот роден Бразил. Жизел ќе игра самба на свечената церемонија во Рио на 5 август, а организаторот ја ветува досега највеселата забава со многу танчери и изведувачи.