ФРОДЕМ загрижени за партијата во битката да се замени Груевски
ФРОДЕМ постојано долева „масло“ на шпекулациите дека се врши голем притисок за повлекување на Груевски од претседателската позиција во ВМРО-ДПМНЕ и дека се води силна меѓупартиска битка за наоѓање негова замена.
„Најавите дека ќе се води внатерпартиска борба помеѓу тодоровци, милошовци, поповци, ѓорчевци и други искомпромитирани личности оди само во прилог на дополнително разнебитување на партијата и јакнење на позицијата на СДСМ. Како луѓе кои учествувале во создававањето, растежот и опстојот на партијата сметаме дека овие личности се само дополнителен баласт за партијата, државата и нашата иднина. Сите тие бессрамно учествуваа со градењето и промоцијата на лажниот морал и патриотизам, во манипулацијата и осиромашувањето на граѓанството и молчешкум заради сопствени лични интереси измеќаруваа на вождот и неговата фамилија. Токму поради овие непобитни факти овие личности немаат ниту минимален морален кредибилитет, дигнитет и интегритет да посакуваат да дојдат на чело на партијата. Нивната вина е иста како и вината на нивниот вожд“ соопштуваат од ФРОДЕМ.
ФРОДЕМ секако прво треба да сочека и реалноста да ги потврди нивните „стравувања“ бидејќи засега од ВМРО-ДПМНЕ проектираат обединетост и силна поддршка за лидерот Груевски.