Карабатиќ станува најскапиот ракометар на денешницата
Францускиот репрезентативец Никола Карабатиќ запишува историја во светот на ракометот. Имено, тој наскоро може да биде претставен во екипата на ПСЖ за чие доаѓање клубот на Барселона е подготвен да ѝ исплати два милиони едва, што е рекордна сума за еден ракометар.
Одличниот бек ја искористи клаузулата од договорот и до крајот на овој месец треба да го извести каталонскиот гигант за неговото заминување во француската престолнина. ПСЖ веќе го доведе братот на Никола, Лука Карабатиќ.