Грчки навивачи нападнале вработен на бензиска кај Куманово
Тројца навивачи на грчкиот клуб „Олимпијакос“ вчера во 11 часот физички го нападнале вработениот Ј.А. (35) на бензинска пумпа „Лукоил“ на автопатот Скопје-Куманово. Вработениот се здобил со повреди по главата и телото, бил плукан и влечен, а сторителите освен што го нападнале вработениот, одзеле и неколку артикли од маркетот и го оштетиле објектот, по што избегале.
Полицијата во Куманово оради основано сомнение за сторен прекршок приведени и задржани се Х.А. (26), П.Ф. (26) и Т.В. (29) од Грција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.